Top Sport

Мертенс: Фудбалот во Италија е како заразна болест!

„Над мене живее баба која има 75 години и секое утро ми вели: Играше добро!, а кога не сум одиграл како што треба, ќе ме удри по образот и ќе ми каже: Мораше подобро!“.

Ова го раскажа белгискиот фудбалер Дрис Мертенс (32) кој веќе 6 години ужива во Неапол, играјќи во тимот на Наполи.
Белгиецот вели дека потполно се навикнал на италијанскиот живот и на средината.

„Фудбалот во Италија е како некоја заразна болест, затоа што тука луѓето се заразени со љубовта кон фудбалот уште од кога ќе проодат. Тоа е фасцинантно. Јас станав Наполитанец, не ми се оди одовде“ – вели Мертенс.

Мертенс наскоро ќе го стигне по бројот на постигнати голови Диего Марадона кој има 115, а Белгиецот моментно е застанат на 114 гола.

Пред нив е сега веќе екс-капитенот на Наполи, Марек Хамшик кој има 121 гол.

„Сакам да го срушам рекордот на мојот пријател. Кој би рекол пред 7 години дека ќе оставам таква трага во овој прекрасен клуб“ – вели центарфорот на Наполи.

Scroll to Top