Top Sport

Брајтон по 36 години го победи Тотенхем, се тресе клупата на Покетино (видео)

Тотенхем е во голема криза. Лондонскиот клуб предмалку загуби од Брајтон нагости со 3-0 во меч од 8. коло во Премиерлигата и со тоа го доживеа четвртиот пораз во петтиот меч во низа.

По елиминацијата од Колчестер во Лига Купот и потопот од Баерн во ЛШ со 2-7, сега момците на Покетино загубија без постигнат гол од Брајтон, првпат по цели 36 години. Интересно е тоа што „Спарси“ цели 22 години не загубиле два меча во низа со примени дури 10 гола.

Домаќините поведоа веќе во третата минута по една несмасна интервенција на Уго Лорис, кој притоа ја скрши левата рака. Подарокот во гол го претвори Нил Муп. Замената на голот на Тотенхем, Пауло Газањига во својата прва интервенција по влегувањето кратко ја одби топката, а младиот Арон Коноли погоди за 2-0.

Во второто полувреме следуваше потпол распад на играта на европските вицешампиони од минатата сезона. Во 65 минута повторно Коноли прецизно гаѓаше за 3-0.

По најновиот пораз, медиумите во Англија предвидуваат дека престојот на Покетино на клупата на „петлите“ нема да трае уште долго.


Scroll to Top