Top Sport

Мертенс ќе добие син и ќе му го даде „наполитанското“ име Чиро!

Белгискиот напаѓач на Наполи, Дрис Мертенс, кој од навивачите на клубот го доби прекарот Чиро, откри дека тој и неговата сопруга Кат Керкхоф очекуваат син, и најавија дека бебето ќе го носи токму тоа „наполитанско“ име: „Добредојде, бебе Чиро“.

„Нашите срца се полни со среќа сега кога ќе го пречекаме нашето мало наполитанско момче“, напиша Кат на Инстаграм.

34-годишниот Мертенс, кој има 365 настапи за Наполи, е миленик на публиката на „Диего Армандо Марадона“ и честопати самиот кажуваше дека Неапол е неговиот втор дом.

Мертенс: Во Неапол живеам како крал!

Покрај нов договор, Неапол ќе го прогласи Мертенс за почесен граѓанин!

Scroll to Top