Дрис Мертенс ќе остане во Наполи. Напаѓачот решил да потпише нов две годишен договор. Актуелниот договор на Белгиецот важи до крајот на сезоната. Мертенс се поврзуваше со неколку клубови, најчесто со Интер и Челси.
Мертенс за новиот договор од Наполи ќе добие 10 милиони евра, пет милиони по сезона и плус бонус од два милиони евра бидејќи решил да остане во Наполи.
Репрезентативецот на Белгија ќе добие и бонус од 500.000 евра доколку стане најдобриот стрелец во историјата на Наполи. За да влезе во историјата му е потребен уште само еден гол. На вечната листа на првото место се тој и Марек Хамшик со по 121 гол.
Мертенс е играч на Наполи од 2013 година, претходно играл во Гент, Утрехт и ПСВ Ајндховен.