Top Sport

Мертенс ќе прифати драстично кратење на платата да остане во Наполи

Најдобриот стрелец во историјата на Наполи, Дрис Мертенс, неочекувано е многу блиску до продолжување на договорот со италијанскиот клуб, откако прифатил драстично кратење на неговата плата, тврди „Калчомеркато“.

Наполи ќе го загубат капитенот Лоренцо Инсиње, кој потпиша договор со МЛС клубот, Торонто ФЦ, и се веруваше дека и Белгиецот е пред заминување од „Диего Армандо Марадона“, пред да дојде до согласност во преговорите со претседателот Аурелио де Лаурентис.

Според „Калчомеркато“, Мертенс ќе прифати кратење на годишната плата од 4.5 милиони евра на 1.2 милиони евра за да остане во Неапол, откако неколку пати ја изјавуваше љубовта кон градот и го крсти својот новороден син Чиро, според прекарот со традиционалното наполитанско име кое му го дадоа верните навивачи.

Scroll to Top