Top Sport

Супер-фан го купи легендарниот дрес на Меси за 450.000 долари

Човекот со Инстаграм профил под име „Анишфутбол“ е горд сопственик на легендарниот дрес на Лионел Меси, плаќајќи 450.000 долари за дресот кој Аргентинецот им го покажа на фановите на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во 2017.

Како прослава за 500. гол (од вкупно 672 за клубот), Меси го соблече својот дрес со број 10 и го покажа на навивачите на „Бернабеу“ при 3:2 победата во славното „Ел класико“ во еден од најпрепознатливите фудбалски моменти во последната деценија.

„Доаѓа во мојата колекција. Тој дрес кој Лео го покажа на ‘Ел класико’. Не ми се верува. Ова е светиот грал во мојата колекција“, напиша Аниш.

Scroll to Top