Легендата на Наполи, Дрис Мертенс може да го следи својот капитен Лоренцо Инсиње и да замине во Торонто ФЦ во американската МЛС лига како слободен агент, откако се тврди дека „партенопеи“ не планираат да му понудат продолжување на договорот.
Инсиње доби понуда со драстично намалување на платата, по што решио да си замине од „Диего Армандо Марадона“ по крајот на сезоната, и според весникот „Ил матино“, Наполи воопшто не планираат понуда за белгискиот напаѓач, бидејќи претседателот Аурелио де Лаурентис сакал да го продаде уште минатото лето.
Мертенс е најдобар стрелец во историјата на клубот со 142 гола, меѓутоа во мај полни 35 години.