Top Sport

Мертенс: Наполи и Италија ме сменија како личност

Белгискиот напаѓач на Наполи, Дрис Мертенс утре ќе се судри со холандскиот клуб АЗ Алкмар во Лига Европа, клуб против кој има постигнато пет голови, вклучувајќи и хет-трик за Утрехт во 2011 година.

„Тогаш бев само дете и веќе не сум истата личност како тоа момче што постигна хет-трик за Утрехт против ПСВ. Италија и Наполи ме трансформираа како фудбалер, но пред сѐ како личност“, вели Мертенс.

Со пристигнувањето на Виктор Осимхен, Мертенс има нова тактичка улога во тимот на Џенаро Гатузо, играјќи подлабоко.

„Уште се навикнувам на новата улога, но уживам во тоа. Тренерот бара многу од нас, но така стануваме подобар. Осимхен не ме изненадува, бидејќи кога фудбалер чини толку многу, сигурно е добар. Имаме голем потенцијал“, вели Мертенс.

Scroll to Top