Top Sport

Фиго: Алчните Американци ќе го уништат фудбалот со Европска Премиер лига

Португалската фудбалска легенда, Луиш Фиго побара од сите во светот на фудбалот да се спротистават на плановите за формирање на Европска Премиер лига, бидејќи елитното натпреварување за големите европски клубови ќе го уништи фудбалот.

Вчера „Скај њуз“ го објави планот на првите луѓе на Ливерпул и Манчестер јунајтед за формирање на паралелно натпреварување на Лигата на шампионите во кое би учествувале најбогатите европски клубови со поддршка од 6 милијарди долари од американски инвеститори (газдите на Ливерпул и Јунајтед се Американци), а постоела поддршка и од ФИФА.

Фиго, кој во блескавата кариера играше за Барселона, Реал Мадрид и Интер, а во 2015 имаше неуспешен обид да стане претседател на ФИФА, вели дека се работи за ужасна идеја.

„Тоа што го прочитав јасно покажува дека фудбалот каков што го познаваме ќе биде уништен. Се работи само за алчност и за заддржување на фудбалот за само неколку елитни клубови, додека остатокот од клубовите и лигите ќе биде уништен. Фудбалот треба да се обедини и сите треба да се против оваа идеја“, вели Фиго.

Нов план на Ливерпул и Јунајтед: Европска Премиер лига за најголемите и најбогатите

Scroll to Top