Top Sport

Мертенс сам ја победи Рома!

Дрис Мертенс постигна два гола за седум минути во првото полувреме, за да го предводи Наполи до 2:0 победа над Рома на гости на „Олимпико“ и да ги доближи „партенопеи“ на само два поени до четвртопласираната Аталанта и третопласираниот Јувентус.

Ова е трета победа во низа за тимот на Џенаро Гатузо, со што се намалува притисокот на неговото работно место и најавува интересен финиш на италијанската сезона со многу клубови во трка за топ 4 пласман.

Мертенс во 27. минута постигна прекрасен гол од слободен удар, за само седум минути подоцна по една убава тимска акција, да зголеми на 0:2 и да го постигне својот 100. гол во Серија А во на клубот од југот на Италија. Тој е само третиот фудбалер на Наполи со ваков успех, по Антонио Војак (102 гола) и Марек Хамшек (100 гола).

Scroll to Top