Top Sport

Французите без милост за Црна Гора, рутина за Исланд

Француската ракометна репрезентација уште еднаш покажа дека повторно е меѓу фаворитите за титулата на Светското првенство во Полска и Шведска, откако лесно се справија со Црна Гора во првиот меч од втората рунда, победувајќи со 11 гола разлика (35:24).

Црногорците успеаја да оддржувааат рамнотежа во првите 15 минути, но Франција не го испушташе водството и по половина час имаше три гола предност (16:13). Во второто полувреме оваа разлика само се зголемуваше за Франција лесно да ја забележи својата четврта победа во исто толку меча. Кај Французите најефикасен беше Мелвин Ричардсон со дури 10 постигнати голови, додека кај Црногорците пет гола даде Милош Божовиќ.

Во мечот од групата 2, Исланд без мака стигна до висока 40:30 победа над африканската репрезентација на Кабо Верде, или Зелено’ртски Острови.

СП ПОЛСКА/ШВЕДСКА, 2.РУНДА
ГРУПА 1
Иран – Словенија 21:38 (9:20)
Франција – Црна Гора 35:24 (16:13)
Шпанија – Полска 27:23 (16:15)
ГРУПА 2
Португалија – Бразил 28:27 (12:11)
Кабо Верде – Исланд 30:40 (13:18)
Шведска – Унгарија 37:28 (18:14)

ПРЕЗИДЕНТС КУП, ГРУПА 1
Чиле – Саудиска Арабија 26:23 (12:13)
Уругвај – Јужна Кореја 30:37 (15:23)

Scroll to Top