Top Sport

Меси без да замине во Ал-Итихад, ќе им земе убава сума на Саудијците

И покрај тоа што се реши својата фудбалска иднина да ја побара од другата страна на Атлантикот во Интер Мајами, Лионел Меси ќе инкасира убава сума од Саудиска Арабија без да заигра во нивната лига.

„Њујорк тајмс“ ги објави деталите на богатиот договор на Меси со Саудиска Арабија за да ја преземе улогата на туристички амбасадор, и според нив, Аргентинецот ќе доби 22.5 милиони евра во следните три години за неколку комерцијални настапи, за постови на социјалните мрежи, како и за луксузни туристички патувања за него и неговото семејство.

Меси кога потврди дека заминува во Мајами зборуваше за понудата од Саудиска Арабија, велејќи дека ако било само за парите ќе одел „во Арабија или на друго место“.

Scroll to Top