Лионел Меси во интервју за Каталонското радио се осврнал и на летната трансфер-сага со Нејмар. Во Барселона постоеше желба но на крајот не се договорија со ПСЖ околу Бразилецот.
Најмер пред две години за рекордна сума од 222 милиони евра замина од Барса во Париз, а летово изрази желба да се врати на „Ноу Камп“. На крајот и покрај сите напори двет страни не успеаја да се договорат.
„Искрено, откако Нејмар не успеа да дојде во Барселона, бев убеден дека ќе се пресели во Реал. Бев сигурен дека Флорентино и Реал ќе го решат тоа прашање“.
Во врска со ова интервју и изјавата за Нејмар шпанските медиуми потенцираат дека Меси фамилијарно го ословил претседателот на Реал, без да го наведе неговото презиме или неговата титула.
? MESSI a @rac1: "Era molt difícil que Dembélé li hagués dit allò. Ens va sorprendre que Mateu Lahoz ho entengués tan clarament perquè a l'Ousmane li costa parlar castellà, tot i que ho entén tot i es fa entendre"
Demà a les 9 del matí, l'entrevista sencera a @elmonarac1! pic.twitter.com/0DAze65S0W
— Esports RAC1 (@EsportsRAC1) October 8, 2019