Top Sport

Немаат играчи, Малага бараат одложување на мечот со Кадиз

Фудбалскиот клуб Малага побарале да им биде одложен натпреварот против Кадиз во втората шпанска лига, Сегунда. Малага во ростерот имале само 11 играчи.

На Малага во овој момент не можат да сметаат на услугите на 13 фудбалери од првиот тим. Шестмина имале обврски во своите репрезентации, исто толку се повредени, а Адријан Гонзалес е суспендиран.

Сепак челниците на Малага соопштиле дека не веруваат дека ќе им биде одобрено барањето, бидејќи во правилникот се наведува дека натпреварите во Сегунда нема да бидат одложувани поради повреди или суспензии на фудбалери.

Разбирање за барањето на Малага немале ниту во Кадиз откаде порачале дека натпреварот ќе се одира во превидениот термин.

Scroll to Top