Top Sport

Меси: Доаѓањето во Барселона беше многу тешко за мене и за моето семејство

Лионел Меси со 13 години стигна од аргентински Росарио во шпанска Барселона за која се уште игра и ја носи капитенската лента.

На промоцијата на документарниот филм „Да станеш Лео Меси“, Аргентинецот зборува за тој период.

„Беше тешко кога како дете тргнав да играм за Барселона, но од почетокот бев свесен дека сакам да останам во екипата. Првпат во Барселона дојдов на проба, тука бев 15 дена, па се вратив во Аргентина. По неколку месеци повторно ме викнаа да дојдам. Ми овозможија да го започнам својот сон во Барса. Беше тоа голем радост за мене и за цело мое семејство. Не можев да разберам колку тоа ќе биде голема промена за мене. Бев само дете и само сакав да играм фудбал. Не бев свесен колку ќе биде тешко да се преселам на друг континент, и за мене и за моето семејство. Се сеќавам, на почетокот беше многу тешко. Не играв многу, а за играч тоа е најтешко. Стигнаа и некои повреди. Кога првпат заиграв по пауза од неколку месеци, се повредив и повторно морав да паузирам“ раскажува Меси.

Тогаш, како што вели, морал да одлучи што сака – да се врати во татковината или да остане да се бори во Барселона.

„Имаше тешки моменти, но ниеднаш не ми падна на памет да се откажам и да се вратм во Аргентина. Моите браќа се вратија во Аргентина. На мојата сестра и беше најтешко, Не можеше да се адаптира оти беше мала. Поради тоа, мајка ми со неа се врати во Аргентина. Ме прашаа сакам ли да се вратам, но јас реков дека сакам да останам“ – вели 34-годишниот Аргентинец кој за првиот тим на Барса игра од 2004 година.

Scroll to Top