Top Sport

Рос Баркли од Челси лудувал во Дубаи со многу пиење и стриптиз!

Фудбалерот на Челси, Рос Баркли (26) ја искористи репрезентативната пауза за да се опорави од повредата, но судејќи по објавите на социјалните мрежи, тој не мирувал.

Баркли добил дозвола од „сините“ да оди на краток одмор во текот на паузата, но се чини дека претерал во забавата, па сето тоа се нашло на социјалните мрежи.

Баркли малку повеќе испил, па се разголил во ноќен клуб во Дубаи. Се е снимено и објавено.

Ова посебно не му оди во прилог на фудбалерот кој пред 2 месеци направил инцидент во татковината, кога не сакал да плати за такси услуга. По враќање од ноќен клуб во Ливерпул одбил да плати, па дошла полиција, по што тој бил испратен до првиот банкомат да извади пари и да си ги подмири долговите.

Тренерот на Челси, Френк Лампард, познат по тоа дека сака да воведе дисциплина меѓу играчите сигурно ќе биде многу нервозен и лут од однесувањето на својот пулен.

Scroll to Top