Top Sport

Меси: Двете години во Париз беа лоши за сите, не сакав во Барса да ме чека истата ситуација

Лионел Меси во интервју за шпанските медиуми ги објасни своите мотиви за преселбата во Интер Мајами и покрај надежите на навивачите на Барселона дека ќе има емотивно враќање на „Ноу Камп“ по уверувањата на клубот дека тоа е возможно.

„Не се враќам во Барса, одам во Интер Мајами. Ја направив таа одлука. Уште не сум завршил 100 отсто со фудбалот, нешто недостасува и решивме да го продолжиме патот таму. Слушнав дека ако сакам да се вратам во Барселона треба да намалуваат плати и да продаваат и не го сакав тоа. Навистина бев возбуден од можноста за враќање, но по искуството кое го имав кога заминував од Барселона, не сакав да се вратам во иста ситуација – да чекам да видам што ќе се случи и да ја оставам иднината во нечии раце. Веќе бев обвинуван за многу работи кои не беа вистинити во Барселона и бев малку уморен од тоа и не сакав да го поминувам пак“, вели Меси.

Тој признава дека и покрај уверувањата на Барселона и на Ла лига дека неговиот камбек во Каталонија е возможен, тој не верувал во тоа.

„Кога требаше да заминам, Ла лига исто така прифати дека може да се регистрира мојот договор, но на крајот не беше така. Се плашев дека ќе се вратам во истата ситуација и дека ќе морав да се вратам тука во хотелот во Париз со моето семејство и со децата кои ќе треба да одат на училиште. Сакав сам да направам одлука. Иако сакав да се вратам во Барса, не можев. Сега сум во момент во кој сакам да бидам далеку од фокусот, да мислам на моето семејство. Поминав две години кои беа лоши за моето семејство и не уживавме. Имаше еден спектакуларен месец кога го освоивм Светското првенство и сакав да го вратам задоволството. Имав понуда и друг европски клуб, но во Европа сакав само во Барселона. Затоа отидов во САД, за поинакво фудбалско искуство и за уживање. Со истата желба за постигнувања и добра игра, но со мир“, вели Меси.

Scroll to Top