Светскиот првак со Бразил во 2002 година 71 годишниот Луис Фелипе Сколари е без работа откако го напушти Палмеирас, но како што велеи самиот нема намера да се пензионира.
Во кариерата Сколари бил тренер на Челси и селекторот на Португалија. Пет години му бил селектор на Кристијано Роналдо.
Компетентен е да одговори на прашањето кое го „мачи“ фудбалскиот свет кој е подобар Роналдо или Меси.
Одговорот е дипломатски, Сколари ги испофали двајцата.
„Единствената лоша работа во животот на Роналдо е Лео Меси. Да го немаше Меси сигурен сум дека Роналдо најмалку пет години по ред ќе беше најдобар играч во светот“, рекол Сколари.