Top Sport

Меси e подобар од Роналдо, за околу 18 милиони долари

Лионел Меси е на првото место на листата на најдоброплатени спортисти на светот на магазинот „Форбс“, додека фудбалерите доминираат во 2019 година.

Напаѓачот на Барса заработил 127 милиони долари, во комбинација на платите и рекламните договори, 18 милиони долари повеќе од Роналдо (109 милиони долари). Нејмар, и покрај сезоната за заборав има 105 милиони долари, од кои 75 милиони долари во плата, 10 милиони повеќе од Роналдо, но Меси доминира со 92 милиони долари од платата од каталонскиот клуб.

Меси ги зголемил приходите за 16 милиони долари во последните 12 месеци – во 2018 заработил 111 милиони долари со што беше втор зад Флојд Мејведер Јуниор (285 милиони долари).

Мексиканскиот боксер Саул „Канело“ Алварез е најбогатиот спортист кој не е фудбалер на листата, со 94 милиони долари, а петти на листата е Роџер Федерер со 93.4 милиони долари, од кои дури 86 милиони долари од реклами.

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ СПОРТИСТИ ВО 2019

1.Лионел Меси (Арг), фудбал, 127 милиони $

2.Кристијано Роналдо (Пор), фудбал, 109 милиони $

3.Нејмар (Бра), фудбал, 105 милиони $

4.Саул Алварез (Мек), бокс, 94 милиони $

5.Роџер Федерер (Шва), тенис, 93.4 милиони $

6.Расел Вилсон (САД), американски фудбал, 89.5 милиони $

7.Арон Роџерс (САД), американски фудбал, 89.3 милиони $

8.Леброн Џејмс (САД), кошарка, 89 милиони $

9.Стивен Кари (САД), кошарка, 79.8 милиони $

10.Кевин Дурент (САД), кошарка, 65.4 милиони $

Scroll to Top