Top Sport

„Меси е важен за Ла Лига, Нејмар и Роналдо не се“

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, коментирајќи го можното враќање на Нејмар во Шпанија рекол дека би бил среќен доколку се случи тоа. За Бразилецот борба водат Барселона и Реал Мадрид.

Иако е среќен поради можноста Нејмар да заигра во Ла Лига, тој смета дека присуството на Бразилецот во лигата е помалку важно од присуството на Лионел Меси.

„Секако дека би сакал Нејмар да се врати тука. Со своите квалитети тој е меѓу најдобрите тројца во светот. Би било многу значајно за Ла Лигата доколку се врати, иако неговото враќање не би било пресудно за шпанската лига“, рекол Тебас.

„Најважно е што ние десет месеци играме со 20 клуба. Играњето меѓу тие клубови прават радост и страст кај навивачите во Шпанија и низ целиот свет секој викенд“.

„Поради Нејмар ќе ве следат во земјите каде сакаат да го гледаат, но тој не биден елемент за Ла Лига, дури тоа не беше ниту Кристијано Роналдо. Лионел Меси е важен елемент тој е наследството на Ла Лига“, заклучил Тебас.

Scroll to Top