Top Sport

Црвена ѕвезда му го крои распоредот на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ со победата во три сета над Роберто Караљес Баења ја започна одбраната на титулата на Ју-Ес опен, а по мечот најмногу говорел за вечерашниот меч помеѓу Црвена ѕвезда и Јанг Бојс во плејофот за пласман во главната фаза во Лигата на шампионите.

Првиот меч во Берн заврши со резултат 2:2 и вечерва Црвена ѕвезда има голема шанса да го повтори минато сезонскиот успех и да игра во фазата по групи во елитното фудбалски натпреварување.

На прашањето дали ќе го гледа мечот Ѓоковиќ веднаш одговорил.

„Секако дека ќе го гледам. Првично резервиравме терен во три попладне, но тогаш ми стана јасно дека мечот е во девет навечер по наше време и дека мора да го поместиме тренингот. Подоцна веројатно…Или можеби порано, тоа би било подобро, не знам како ќе заврши фудбалот и дали ќе бидам во состојба да тренирам. Можеби е подобро да тренирам пред фудбалот, потоа мирно да го гледам мечот, ако тоа е можно“, рекол најдобриот тенисер во светот.

Scroll to Top