Лионел Меси изгледа не е сака да се врати на „Камп Ноу“. Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона е подготвена да го врати Меси во клубот, но проблемот е во репрезентативецот на Аргентина.
Водечкиот каталонски спортски медиум „Спорт“, пренесува дека Меси постојано ги игнорира повиците на претседателот на Барселона Џоан Лапорта.
За разлика од минатата сезона кога имаше криза во ПСЖ, Аргентинецот оваа година блеска на „Паркот на принцовите“ и нема причина да се врати во Шпанија.
Сезонава на 17 натпревари постигна 12 гола и забележа 13 асистенции.
Во последните денови се шпекулира дека по Светското првенство тој би можел да потпише договор со Интер Мајами. Некои медиуми тврдат дека еден од сопствениците на Интер Мајами, Дејвид Бекам е убеден дека Меси ќ игра во неговиот тим.
Меси веќе поседува стан во Мајами вреден девет милиони долари, поради што не се исклучува можноста да се пресели таму.