Мауро Икарди, фудбалерот на ПСЖ минатата недела воопшто не тренираше со соиграчите откако „пукна“ аферата дека ја изневерил сопругата и менаџер, Ванда Нара.
Медиумите во Франција пишуваат дека Лионел Меси веднаш штом дошол во Париз станал главен авторитет во соблекувалната на „Светците“, а тој е иритиран од случувањата поврзани со сонародникот.
Шпански „Ел Национал“ пишува дека Меси влегов во кавга со Икарди, па тој од Управата побарал веднаш да го продадат напаѓачот. Информациите од шпанските медиуми се дека ПСЖ се подготвени Икарди да го пуштат во Барселона, но во Париз да дојде пријателот на Лео – Серхио Агуеро.
Агуеро летово по долгиот престој во Манчестер Сити се пресели на „Ноу Камп“, а една од главните причини за тоа беше пријателството со Меси. Сепак, иконата на Барса изненадувачки го напушти Каталонскиот клуб, а потоа следуваше и повредата на Агуеро.
Меси, се чини, по секоја цена сака да заигра во ист тим со пријателот.