Барселона во саботата ремизираше со Селта 2:2 со што им овозможи на конкурентите да ја намалат разликата.
Она што денес го коментираат шпанските медиуми е одлуката на тренерот Ернесто Валверде од протоколот за дуелот со Селта да го изземе Џерард Деулофеу.
Според шпекулациите Меси сугерирал младиот фудбалер да не биде во тимот, откако не одигра добар натпревар мнатата сабота против од Валенсија, а не блескаше ниту во Купот против Мурсија.
Деулофеу летово се врати на „Камп Ноу“ откако три сезони беше позајмен најпрвин во Евертон, а потоа и во Милан.
Најверојатно тој во јануари ќе го напушти клубот, бидејќи не добива доволно доверба од тренерот, а и наскоро во екипата ќе се врати 150 милиони евра платениот Осман Дембеле.