Top Sport

Евролига: Де Коло и Гист најкорисни во 10.коло

Бекот на ЦСКА Москва, Нандо Де Коло и крилниот центар на Панатинаикос, Џејмс Гист на „поделија“ наградата за најкорисен играч во 10.коло, во Евролигата. Двајцата имаа валоризација 30.

Де Коло со 18 поени, 11 асистенции и 4 скока го предводеше тимот до победата над Барселона 92:78, додека Гист во триумфот на Панатинаикос над Уникаха 82:71 имаше учинок од 17 поени, 11 скока, 2 асистенции и една украдена топка.

Најголема валоризација во ова коло имаше Лука Дончиќ (32) но Реал загуби од Црвена звезда 83:87.

Зад двајцата најкорисни чии тимови забележаа победи се наоѓа центарот на Анадолу Ефес Владимир Штимац со 19 поени, 10 скока и 2 блокади. Ефес во 10.коло го победи Армани Милано (73:68).

Scroll to Top