Top Sport

Меси го „минирал“ Гризман?

Медиумите во Каталонија и денес се занимаваат со односот којшто го имаат најголемите ѕвезди на Барселона кон Антоан Гризман. Францускиот напаѓач за сума од 120 милиони евра летово пристигна на „Ноу Камп“. Навивачите го прифатија, но медиумите шпекулираат дека главниот играч во тимот Лионел Меси не бил задоволен од потегот да биде ангажиран Гризман.

Наводно Меси, и не само тој, туку и Луис Суарез сакале во Барселона да се врати нивниот голем пријател Нејмар. Тие сметале дека не им треба играч што сезона претходно во последен момент го извиси клубот и реши да остане во Атлетико Мадрид.

Медиумите пишуваат дека во подготвителниот период Меси целосно го игнорирал новиот соиграч, а камерите ги уловија него и Суарез како речиси без емоции ги испратија головите кои Французинот ги постигна против Бетис.

Во морето на шпекулации се издвојува уште една дека Меси им препорачал на клупските челници да се обидат да го донесат во Барселона капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње.

Поради тоа ќе биде интересно да се види како Меси и Гризман ќе функционираат заедно на теренот, кога Аргентинецот ќе се врати во тимот по повредата. Меси ќе го пропушти и наредниот меч на Барселона, в сабота против Валенсија.

Scroll to Top