Top Sport

Уапсен менаџер поради трансферите на Митровиќ и Тилеманс

Белгиската полиција во средата го уапсила познатиот фудбалски менаџер Кристоф Енроте, поради неправилност при трансфери што ги направила неговата агенција. Покрај Енроте уапсен бил и еден негов соработник. Инаку еден од клиентите на овој менаџер е и голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа.

Полицијата во Белгија, во април минатата година, извршила неколку рации во агенцијата на овој менаџер. За финансиски неправилности тогаш биле обвинети неколку лица, меѓутоа Белгиците тврдат дека оваа денешна акција не била поврзана со претходната.

Денес Енроте бил уапсен во Лиеж поради финансиски малверзации и перење на пари што биле направени во неколку трансфери, меѓу кои се и трансферите на Александар Митровиќ од Андерлехт во Њукасл и Јри Тилеманс од Андерлехт во Монако.

Трансферот на Митровиќ бил тежок 23 милиони евра, а на Тилеманс 18 милиони евра.

Медиумите пренесоа дека сомнителни биле и трансферите на Куртоа во Реал, односно на Ромелу Лукаку во Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top