Top Sport

Меси го направи Интер Мајами попопуларен на Инстаграм од славниот Интер од Милано

Лионел Меси на најдобар можен начин дебитираше за Интер од Мајами. Неверојатниот Аргентинец влезе во игра во 54. минута од купот на американската и мексиканската лига, а потоа постигна фантастичен гол од слободен удар длабоко во судиското надополнување за победа на Интер против Круз Азул од 2:1.

Меси на тој начин дополнително ја полуде навивачката база на Интер која од ден на ден се зголемува. Се бараат повеќе билети за натпреварите на Интер и во Мајами и во другите градови, а тој клуб во последно време е попопуларен од милански Интер. Имено, Интер Мајами моментално има 11,2 милиони следбеници на Инстаграм, додека многу попознатиот Интер има само 9,9 милиони.

Ден пред клубот на Дејвид Бекам официјално да објави дека Лионел Меси е нивниот нов играч, Интер Мајами имаше само 990.000 следбеници. Таа бројка почна брзо да расте откако Меси беше претставен како играч, а по победата на Интер против Круз Азул, порасна за дополнителни 200.000 следбеници.

Scroll to Top