Top Sport

Меси го нема меѓу финалистите на ФИФА, ќе се бира меѓу Роналдо, Модриќ и Салах

Откако беше изоставен од наградите за најдобар фудбалер според УЕФА, Лионел Меси не се наоѓа ниту на пократкиот список за избор на најдобар според ФИФА, каде што ќе се борат Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Мохамед Салах.

Ова ќе биде шанса Роналдо да ја добие наградата, откако се налути кога УЕФА реши да му ја додели наградата на неговиот поранешен колега од Реал Мадрид. Роналдо има пет награди на ФИФА и победуваше последните две години.

Првичната листа од 10 фудбалери беше направена од панел на легенди на ФИФА, вклучувајќи имиња како Роналдо Назарио, Фабио Капело и Френк Лампард, по што траеше гласањето од 24 јули до 10 август, во кое учествуваа новинарите, фановите, тренерите на националните селекции на ФИФА и капитените по систем 1-2-3 со 5, 3 и 1 поен.

Познати се и номинациите за најдобар голман на ФИФА и ќе се бира меѓу Иго Љорис (Тотенхем, Франција), Тибо Куртоа (Реал Мадрид, Белгија) и Каспер Шмајхел (Лестер, Данска).

За најдобар тренер на годината номинирани се Зинедин Зидан (Реал Мадрид), Дидие Дешам (Франција) и Златко Далиќ (Хрватска).

Исто така се објавени и 10-те кандидати за најдобар гол на сезоната, или таканаречената „Пушкаш награда“, а финалистите можете да ги погледенете подолу.

Scroll to Top