Лионел Меси го победи Кристијано Роналдо за титулата најдобар фудбалер на светот, овојпат во видео игрите, откако „ЕА Спортс“ ја објави својата топ 100 листа во „ФИФА 21“
И покрај тоа што имаше сезона без титула првпат по повеќе години, Меси го заддржа првото место иа ко има паднат рејтинг за еден на 93, а Роналдо е само поен зад него со 92. Нејмар од Пари Сен-Жермен го загуби третото место и сега е петти со 91, додека Роберт Левандовски по неверојатната сезона скокна од 15. место на третото. Овој пад на Нејмар не е ништо во споредба со тој на Еден Азар, кој падна на 22. место на рејтингот, меѓу Хери Кејн и Рахим Стерлинг.
Кевин де Брујне е сега на петтото место, а Ливерпул првиот фудбалер го имаат во Виргил ван Дајк на седмото место, зад Јан Облак, но пред Килијан Мбапе, додека Мохамед Салах и Садио Мане се на деветтото и десеттото место.
FIFA 21 Ratings: Top 100 player ratings in full
No surprises at No.1 ?? #FIFA21 https://t.co/2lY0Wx8GMw
— Mirror Football (@MirrorFootball) September 10, 2020