ПСЖ објави дека Лионел Меси нема да биде дел од тимот кој утре ќе гостува во Мец. Аргентинецот имал повреда на левото колено.
По дуелот со Лион, Меси, бил на магнетна резонанца, каде било откриено минимално оштетување на коленото. Клубот, објави дека за 48 часа, Меси повторно ќе оди на магнетна резонанца, по што ќе точно ќе се знае колку повредата е сериозна и дали тој ќе мора да оди на принудна пауза.
Ова објава на ПСЖ, покажа дека тренерот Маурицио Покетино бил во право кога го замени Аргентинецот против Лион. Реакцијата на Меси, кога одби да се поздрави со тренерот предизвика многу рекации во фудбалската јавност.