Лионел Меси го прекратил одморот со неговото семејство денеска за да оди на „итни разговори“ со новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, каде што ќе треба да ги дознае деталите за реконструкција на гигантот во криза.
Иднината на Меси на „Ноу Камп“ е нанјесигурна во историјата по 8:2 поразот од Баерн Минхен и заминувањето на тренерот Кике Сетиен и спортскиот директор Ерик Абидал. Тоа што во март следната година следуваат нови избори за претседател во клубот уште повеќе ја зголемуваат несигурноста во клубот.
Според „Мундо депортиво“, Меси се вратил од семејниот одмор во Ла Серданија областа на Пиринеите за да се види лично со Куман, кој при својата презентација призна дека ќе мора да го убеди Меси дека неговата иднина е во клубот каде што ја помина цела кариера.
„Не знам дали ќе морам да го убедувам да остане. Тој е најдобриот на светот, и секој сака таков фудбалер во тимот“, изјави Куман.
Куман сигурно смета на Меси во својот тим, но многу од сегашните ѕвезди најверојатно ќе бидат ставени на продажба – Антоан Гризман, Луис Суарез, Иван Ракитиќ и Жорди Алба се имињата со кои лицитираат шпанските медиуми. Кој ќе пристигне во клубот, останува многу нејасно иако последните шпекулации ги поврзуваат Дони ван де Бек од Ајакс и Георгино Вајналдум од Ливерпул како најсигурни имиња.