Top Sport

Меси го препорачува Аргентинецот Таљафико во Барселона

Барселона се уште не ја заврши работата во преодниот рок, а на мета е играч од последната линија.

По ангажманот на Френки де Јонг кој уште зимоска ја заврши работата за премин на „Камп Ноу“, сега повторно играч на Ајакс е интересен за Каталонците.

Се работи за Николас Таљафико кој минатата сезона имаше битна улога во клубот од Амстердам.

Шпански „Дон балон“ пренесува дека за неговото доаѓање во Барса лично се залага сонародникот Лионел Меси. Тој им предложил на челниците на клубот да размислат за таа опција, а се чини дека и цената од 35 милиони евра за Таљафико е прифатлива.

Scroll to Top