Top Sport

Пике си купи уште еден фудбалски клуб

Фудбалерот на Барселона, дефанзивецот Жерар Пике стана сопстваник на акциите на фудбалскиот клуб Химнастик од Манреса. Тоа е вториот клуб кој е во негова сопственост откако претходно ја купи Андора.

Според информациите од Шпанија, Пике во своја сопственост има 80% од акциите на Химнастик, а целата процедура била завршена со компанијата „Космос“.

Првичните информации се дека Пике планира Манреса да стане академија на ФК Андора, помошен клуб кој нема младинска екипа, туку исклучиво сениорска.

Шпанецот планира да вложи во реновирање на теренот, инфраструктурата и рефлекторите.

Компанијата „Космос“ вложува и надвор од фудбалот. Станаа партнери со ИТФ, па се главни финансиери на новиот формат на тенискиот Дејвис куп.

Scroll to Top