Top Sport

Меси го сруши рекордот на Чави, Барса го „сомле“ Сосиедад

Лионел Меси постави уште еден рекорд во дресот на Барселона, одигрувајќи го својот 768. меч во дресот на Блауграна, во меч во кој постигна два гола и имаше една асистенција да помогне за доминантна 1:6 победа на гости кај Реал Сосиедад.

Само една недела откако се израмни со легендарниот Чави против Уеска, капитенот сега стана рекордер за Каталонците, кои ако го убедат да остане ќе постави рекорд кој тешко дека ќе биде достижен.

На „Аноета“, Антоан Гризман прво го прослави својот роденден со гол во 37. минута, за само шест минути подоцна Меси да му асистира на Американецот Сержињо Дест за 0:2. Дест постигна уште еден гол во второто полувреме во 53. минута, за во 57. минута, самиот Меси да стрела за огромна 0:4 предност. Усман Дембеле откако му беше поништен гол во 67. минута поради офсајд во 71. минута го пронајде патот до мрежата на Алехандро Ремиро за 0:5, пред Баранчеа Мугуруза да го постигне утешителниот гол за Сосиедад во 77. минута од мечот, за Меси да стави печат на неверојатниот меч во 89. минута.

Со победата, Барса се врати на второто место во Ла лига со 62 поени, четири помалку од лидерот Атлетико Мадрид и  два пред третопласираниот Реал Мадрид. Сосиедад се петти со 45 поени.

Scroll to Top