Лионел Меси и Пол Погба немаат репрезентативни обврски и имаат малку слободно време, но многумина беа изненадени што двете фудбалски ѕвезди се сретнаа на вечера во Дубаи, зголемувајќи ги шпекулациите дека Меси се обидува да го „врбува“ Французинот да дојде во Барселона.
Меси најави мала пауза од репрезентативните обврски, додека Погба има повреда на бутниот мускул, и двајцата се сретнаа во Дубаи кај познатиот турски готвач со прекар „Салт беј“, каде што разговараа на различни теми.
Оваа вечера доаѓа откако италијанските медиуми шпекулираа дека Барселона е подготвена да му даде петгодишен договор вреден 100 милиони евра, а агентот на Погба, Мино Рајола неколку пати изјавуваше дека нема да биде проблем да му најде нов тим, иако последната изјава беше дека Погба и Жозе Мурињо се „смирија“ и дека нема проблеми на „Олд Трафорд“.