Top Sport

Меси го уценува клубот, ПСЖ нема намера да попушти

Лионел Меси по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч. Медиумите секојдневно шепкулираат околу неговата иднина. Прашање е каде ќе ја продолжи кариерата. Има мегаломаска понуда од Саудиска Арабија, интересот не го крие и газдата на Интер Мајами, Дејвид Бекам, се зборува и за неговото враќање во Барселона, но постои и можност да остане во ПСЖ.

Меси ќе остане во ПСЖ само доколку добие поголема плата. „Ле Парисиен“, пишува дека Аргентинецот ги уценил газдите на клубот.

„Проблемите со продолжување на неговиот договор настанаа по Светското првенство во Катар, каде Меси и Аргентина го освоија златото. Меси дојде во клубот со барање за зголемување на платата, ПСЖ не сака да го прифати неговото барање. Клубот е подготвен да го продолжи договорот под истите услови што ги има. Меси заработува околу 40 милиони евра по сезона“, пишува „Ле Парисиен“.

Исто така, Меси сака да знае како ќе изгледа тимот следната година и кој ќе го води наместо Кристоф Галтиер.

Според овој извор, ПСЖ почнал да прави планови за следната сезона во кои не е вклучен 35. годишниот Аргентинец.

Меси оваа сезона постигна 15 гола и забележа 15 асистинции на 27. одиграни натпревари во францускиот шампионат.

Scroll to Top