Top Sport

Меси го учи синот да игра фудбал – на плејстејшн!

Лионел Меси, човекот со 43 индивидуални и тимски награди во неверојатната кариера, и според многумина најдобриот фудбалер на денешницата реши да го научи својот син Тијаго да игра фудбал, но на видео-игра.

Во понеделникот навечер, Меси, кој нема да биде дел од аргентинскиот состав за денешниот пријателски меч со Русија, со петгодишниот син Тијаго играше „Класико“ на плејстејшн 4.

Според тоа што може да се забележи од видеото споделено од сопругата на Меси, Антонела Рокуцо, Барселона водеше со 3:1 против Реал Мадрид. Самиот Меси во вистински живот има постигнато 24 гола во 36 натпревари против „Лос бланкос“, победувајќи во 16 дербија и губејќи во 12.

Scroll to Top