Top Sport

Роберто Карлос: Би прифатил да бидам селектор на Србија

Роберто Карлос се наоѓа во Белград каде во Центарот за едукација на тренери на Фудбалскиот сојуз на Србија ќе ќе го полага испитот за УЕФА „А“ лиценца. Легендарниот лев бек одговарајќи на прашањата на српските новинари открил дали би прфатил да биде селектор на Србија.

„Во екипата има одлични играчи и на секого би му била чест да ги тренира. Србија има многу добри играчи. Секој кој го сака исто така и го следи фудбалот, а јас ја следам и вашата национална лига. Знам за неколку играчи кои играат тука и ми се допаѓа стилот кој го форсира Србија“, рекол Роберто Карлос.

Бразилецот кој со Реал и националниот тим ги освои сите можни трофеи не покажал скромност кога новинарите побарале да издвои тројца најдобри леви бекови во светот, едноставно одговори: „Роберто Карлос“.

Scroll to Top