Top Sport

Меси, Халанд, Де Брујне. Кој ќе биде играч на сезоната?

УЕФА ги објави нецелосните резултати од изборот за најдобар играч во минатата сезона. Првите три места ги зазедоа Лионел Меси, Ерлинг Халанд и Кевин Де Брујне, а победникот ќе биде откриен на церемонија на 31 август.
УЕФА го објави и списокот со сите играчи кои добиле гласови.

Други фудбалери кои добија гласови:

4. Илкај Гундоган – 129 поени
5. Родри – 110 поени
6. Килијан Мбапе – 82 поени
7. Лука Модриќ – 33 поени
8. Марцело Брозовиќ – 20 поени
9. Деклан Рајс – 14 поени
10. Алексис Мекалистер – 12 поени
11. Хесус Навас – 6 поени

Во гласањето учествуваа тренери чии клубови минатата сезона учествуваа во групната фаза од европските натпреварувања, како и селектори на европските репрезентации и новинари.

Гласањето се одвиваше на тој начин што секој бира по тројца играчи – првиот добива пет поени, вториот три, а третиот еден. Во предвид беа земени успесите со клубот и репрезентацијата.

Scroll to Top