Top Sport

Меси и Алварез ја „докрајчија“ Хрватска – 3:0 на 20-тина минути пред крајот

Аргентина е пред пласман во финалето на Светското првенство во Катар, откако во 70. минута од мечот, по фантастичниот пробив на Лионел Меси, младиот фудбалер на Манчестер сити, Хулијан Алварез ја покажа својата вредност со својот втор гол за убедливо 3:0 водство.

По 2:0 предноста од првото полувреме, Аргентинците дозволија Хрватска да игра на нивната половина, но без ниту една вистинска шанса за гол, пред Меси во 70. минута, фантастично да го помине дотогаш одличниот Јошко Гвардиол, за да му создаде шанса на Алварез, кој не згреши.

Scroll to Top