Top Sport

Меси и Барселона? Приказната се уште не е завршена

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта изрази надеж дека врската помеѓу клубот и Лео Меси не е завршена. Минатото лето, Аргентинецот го напушти каталонскиот клуб каде ја мина целата своја кариера и замина во ПСЖ.

„Верувам, се надевам и посакувам приказната на Меси со Барселона да не заврши. Таа се уште е отворена, а наша обврска и одговорност е да му обезбедиме подобар крај отколку што имаше“, изјави Лапорта.

Шпанецот е поделен кога е случајот со Меси во прашање.

„Се чувствувам дека сум му должник. Морално, како претседател на Барселона, мислам дека го направив тоа што требаше да го направам, но на лично мислам дека му должам“, заклучи тој во интервјуто за ЕСПН.

Пред да дојде во Париз, Меси помина 21 година во Барселона, каде што пристигна како 13-годишник. За првиот тим дебитираше на 17 години, покрај Роналдињо, а од тој момент за Барселона одигра 778 натпревари, постигна 672 гола и забележа 305 асистенции.

Тој е рекордер на Ла Лига со 474 гола и 217 асистенции на 520 натпревари.

Седум пати ја освојуваше „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот, три пати УЕФА го прогласи за најдобар играч во Европа, а еднаш беше избран од ФИФА за играч на годината.

Десет пати беше играч на сезоната во Шпанија, каде што освои исто толку титули, заедно со седум трофеи во Копа дел Реј и осум Суперкупа. Тој исто така освои четири Лиги на шампиони и три титули на Светското клупско првенство.

Scroll to Top