Top Sport

Меси и другарите се изнашутираа против „фенерџијата“, само Де Јонг погоди

Барселона потешко од очекувањата славеше триумф од 1-0 кај „фенерџијата“ во Ла Лига, екипата на Уеска. Меси асистираше, а Де Јонг реализираше во 25 минута. Гол вреден 3 бода за избраниците на Роналд Куман.

Инаку статистиката вели дека Барселона имаше над 70% посед на топката, играчите на Каталонскиот клуб упатија над 20 удари кон голот на домашниот тим, од нив само 7 беа во рамките на голот.

Меси прослави уште еден јубилеј – вечерва го одигра 500-тиот меч за Барса во Ла Лига.

Со овој очекуван триумф, Барса се искачи на петтата позиција со 28 бода од 16 меча.

Заостанувањето зад ривалот Реал Мадрид сега е 8 бода, но клубот од „Ноу Камп“ има и меч помалку.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');