Top Sport

Меси и Гризман физички се пресметале

Шпанскиот медиуми „Диарио Гол“ објави сензационална информација дека имало физичка пресметка помеѓу Лионел Меси и Антоан Гризман.

Најдобриот играч на Барселона и францускиот напаѓач на тренигот започнале вербална расправија, а потоа несогласувањата се обиделе да ги решат со тупаници. На крајот, според овој извор, морале да ги разделат соиграчите и тренерот.

Гризман наводно му се налутил на Меси што на натпреварот со Леганес (2:0) не му ја додал топката бидејќи бил во подобра позиција да постигне гол. Гризман сметал дека Меси намерно го направил тоа.

Барселона минатото лето издвои 120 милиони евра за трансферот на Гризман кој никако не успева да наметне во тимот. Францускиот репрезентативец е само бледа сенка на играчот кој беше главен во Атлетико Мадрид.

Scroll to Top