Со по два гола аргентинскиот ас, Лионел Меси и францускиот голгетер Антоан Гризман ја предводеа Барселона до убедлив триумф вечерва против Гранада – 0:4.
Уште во 12 минута Французинот прецизно стрелаше во мрежата на Силва. Токму тој му асистираше на Меси во 35 минута за 0-2, предност на фаворитот на овој меч.
Уште во првиот дел Барса ја заврши работата. Меси гаѓа прецизно по вторпат во 42 минута и на семафорот е 0-3.
На почетокот на вториот дел тренерот на Гранада, Мартинез внесе тројца нови играчи во составот, но залудно.
Гризман по вторпат, на додавање на Дембеле постигнува погодок за недостижни и конечни 0-4.
До крајот на мечот, во 78 минута Гранада остана и со играч помаку, „поцрвене“ Ваљехо.
Со овој триумф четата на Роналд Куман стигна до 34 бода, 2 помалку од второпласираниот Реал Мадрид кој вечерва има гостување во Памплона, кај Осасуна.
Гранада останува седмопласирана во Ла Лига.