Top Sport

Меси и Интер Мајами ги загубија сите шанси за плеј-оф во МЛС

Интер Мајами синоќа загуби од Синсинати со 0:1 и ги загуби сите шанси за пласман во плеј-офот и борба за титулата во МЛС лигата оваа сезона. Не помогна ниту Лионел Меси, кој се опорави од повредата.

Аргентинската ѕвезда мечот го почна од клупата за резерви, влезе во игра во 55. минута, но и тоа не беше доволно за победа на тимот од Флорида.

Синсинати славеше со голот на Бареал во 78.минута од натпреварот.

Scroll to Top