Гол шоу на „Паркот на принцовите“, а за среќен крај се погрижија Лионел Меси и Килијан Мбапе. ПСЖ имаше негатива од 2:3 против Лил, но Мбапе израмни, а Лео Меси со прекрасен гол од слободен удар во 95.минута донесе триумф од 4:3 за „светците“.
Мбапе ја отвори серијата во 11.минута, а Нејмар шест минути подоцна зголеми на 2:0. Дијаките постигна гол во 24.минута, а Џонатан Дејвид и Џонатан Бамба се потрудија за пресврт до 69.минута.
Сепак, и тоа не беше сѐ, затоа што во финишот Мбапе израмни на 3:3 во 87.минута, а Меси донесе победа.
За да не е сѐ идеално за ПСЖ, сепак, се повреди Нејмар. Тој непријатно го повреди скочниот зглоб.