Top Sport

Меси и Месињо на „Хард Рок“ стадионот во Мајами

Интер Мајами и Палмеирас одиграа нерешено 2:2 во последното коло од Групата А, со што двата тима се пласираа во осминафиналето на Светското клупско првенство.

Една од главните приказни на натпреварот беше средбата помеѓу легендата Лионел Меси (38) и големиот талент Естевао Вилијан (18).

Меси и Естевао си ги разменија дресови во тунелот на полувремето, а моментот стана хит на социјалните мрежи. Естевао подоцна рече:

„Меси ми намигна и веднаш почнаа да ми се тресат нозете. Беше надреално… Тој е идол, пример не само за мене, туку и за целиот свет. Беше огромна чест да го делам теренот со него“.

Естевао се смета за еден од најголемите таленти во светскиот фудбал, а од следната сезона ќе игра за Челзи.

Палмеирас го продаде за 34 милиони евра, а со бонуси трансферот би можел да достигне 60 милиони. Тој игра како крилен напаѓач, а на почетокот на кариерата го доби прекарот Месињо.

Scroll to Top