Top Sport

Меси и Модриќ со посвети за Серхио Бускетс

Лионел Меси му напиша посвета на својот поранешен соиграч од Барселона и добар пријател, Серхио Бускетс, откако ветеранот потврди дека си заминува од Каталонија на крајот на сезоната.

„На теренот секогаш со 5-ката, но во реалноста како играч и личност ти си 10-ка, Буси. Ти посакувам најдобро во иднината, тебе и секако, на твоето семејство. Ти благодарам за сите работи на теренот и надвор од него, имаше многу моменти кои ги поминавме заедно, многу добри и некои од нив компликувани и тешки. Тие ќе останат со нас засекогаш“, напиша Меси.

Респект кон ривалот дојде и од легендата на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

„Еден од најдобрите играчи од средниот ред против кого сум играл. Беше вистинско задоволство“, напиша Хрватот.

Scroll to Top