Финалето на Светското првенство во 2026 година помеѓу Аргентина и Шпанија ќе донесе неколку податоци кои ќе останат запишани во историјата на светскиот фудбал.
Дуелот помеѓу Лионел Меси и Ламин Jамал привлекува најголемо внимание. Меси е постар од Јамал 20 години и 19 дена, што е најголемата разлика меѓу двајца стартери во историјата на Мундијалите.
Интересно е што овие двајца се единствените фудбалери на овогодинешното Светско првенство кои успешно изведоа повеќе од 20 дриблинзи. Меси регистрираше 25 од нив, додека Јамал направи 22, потврдувајќи дека беа меѓу најопасните играчи на турнирот во играта „еден на еден“.
Финалето ќе биде посебно за капитенот на Аргентина. Меси ќе стане вториот фудбалер во историјата кој играл во дури три финалиња на Светските првенства – по 2014, 2022 и сега 2026 година.
Покрај него само бразилски капитен Кафу, игра три пати финале на СП, во 1994, 1998 и 2002 година.
